Советот на планскиот регион

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Бабa. Совет за развој на СПР Советот за развој на планскиот регион се формира за секој регион посебно. Членови на Советот за развој на Скопскиот плански регион се градоначалниците на Единиците на локална самоуправа во состав на регионот и Градот Скопје. Со Советот раководи Претседателот, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат од 2 (две) години.Советот за развој на Скопскиот плански регион ги врши следните функции:

  • Ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој Донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој
  • Донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион
  • Утврдува годишна листа на предлог-проекти за развој на планскиот регион
  • Доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамки на планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон
  • Обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државни агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој
  • Иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор
  • Ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси
  • Врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон
  • Советот за развој на планскиот регион усвојува годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион