Центарот за развој на планскиот регион

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Скопскиот плански регион зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални.
Неговата основна задача е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење.
 
Центарот за развој на скопскиот плански регион ги врши следните работи:
Изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион;
Изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион;
Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби;
Координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион;
Обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој;
Обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој;
Обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој;
Поттикнување меѓу-општинската соработка во рамките на планскиот развој;
Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори;
Врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
Врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.