Информативен настан за развивање на иновативни предлог проекти во врска со проектот „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој“

На ден 24.04.2019, среда во Хотел Карпош , Скопје , се одржа Информативен настан за развивање на иновативни предлог проекти во врска со проектот „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој“. Информативниот настан беше организиран од Бизнис Центарот при Центарот за развој на Скопски плански регион. На средбата беа поканети да присуствуваат граѓанскиот сектор и општините од Скопскиот плански регион. На работилницата преку презентација беше направен и вовед во активности кои би биле поддржани во рамките на иновативниот проект , кој ќе биде реализиран со финансиски средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија.Дејан Антиќ, претставник од проектот “Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој” задолжен за активностите за бизнис центрите при центрите за развој на планските региони , ја презентираше грантовата шема за финансирање на иновативен проект и водичот за финансирање на активности во рамките на концепирањето на иновативните проекти. После презентацијата на критериумите меѓу присутните се разви дискусија околу рокот за доставување на концептите за иновативните проекти , кој беше предложен од донаторите за 02.05.2019.