Шести информативен настан – Маркетинг, брендирање, иновации – Холански програми за поддршка на МСП во Македонија – УСАИД и ЕБОР поддршка за МСП, во организација на Бизнис центарот на Скопски плански

На 3 јуни 2015 во Скопје беше одржан шестиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан беше  Маркетинг, брендирање, иновации – Холански програми за поддршка на МСП во Македонија – УСАИД и ЕБОР поддршка за МСП.

И овој настан како и претходните пет беше во насока на развивање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите и новите вработувања, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата како клучни за подобрување на деловно опкружување.

Голем дел од присутните преку прашања искажаа интерес за презентација на Холандските програми за поддршка на МСП во Македонија како и  кредитните линии за енергетска ефикасност на ЕБОР WEB Seff 2  како и УСАИД финансиската поддршка за иновации во МСП.

Од посебен интерес беше и посебна сесија од едукативен дел за вработените во МСП за маркетинг и брендирање,  презентиран од проф. Д-р. Илијана Петровска од Американ Колеџ:

  • Како да се создаде вредност за потенцијалниот потрошувач, преку градење препознатлив бренд и преку градење на позитивна и долгорочна профитабилна релација со потрошувачите;

  • Маркетинг комуникацијата во современото опкружување треба да биде уникатна,  диференцирана и релевантна за целната група;

Од присутните 57 компании, беа поставени огромен број на прашања до презентерите , во делот на актуелните и расположливи кредитни линии, посебните поволности и грантови на линиите за енегетска ефикасност, делот на маркетингот и комуникацијата.

До присутните се обрати Розалија Карчицка Василевска, проектен Координатор на Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион како и г. Митко Алексов, извршен директор на ССК.

Беше  истакнато дека  Финансиите се основа за добро функционирање на секој бизнис, без кои не може да се обезбеди нормално работење и да се планира раст. Без финансиска поддршка, односно поддршка од финансискиот сектор не може да функционира стопанството, не само во помалите земји, туку и во најразвиените економии.