Четврт советодавен настан на Бизнис центарот во Центарот за развој на Скопски плански регион – Бизнис Стратегија

На ден 8  Мај 2015 во Скопје беше одржан четвртиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан Бизнис Стратегија  беше определена на барање на бизнис претставниците кои во континуитет ги посетуваат овие настани од месец Април. На настанот присуствуваа повеќе од 35  фирми, претставници од агенции и министерства како и општини.

Проектниот координатор на Бизнис Центарот на СПР, г-ѓа Розалија К. Василевска, го отвори овој настан и се обрати на присутните истакнувајки дека ова е четврт настан по ред од серијата на шест информативно/советодавни настани за подршка на МСП во Скопскиот регион. Од досегашната посетеност на претходните настани, од над 150 претставници од МСП во регионов, е добиена евеалуација, дека овие настаните на актуелни теми се интересни, потребни и исклучително корисни за фирмите во денешното динамично бизнис опкружување. Посетителите имаа можност да предложат и теми од интерес, а денешната е токму една од истите.

Предавачот на советодавниот настан г-а. Светлана Петровска, Менаџинг Директор, ТАРГЕТ КОМУНИКАЦИИ и предвач на Американ Колеџ, во своето излагање од неколку часа зборуваше на тема  Бизнис Стратегија , како до оптимален избор на пазар, како изборот на профитабилен производ е еден од клучнитефактори на раст на претпријатието како и за  реорганизација и реструктурирање како алатка за зголемување на профитот на фирмата.