Форум за личен развој

На ден 16.12.2015 година, на Скопскиот саем се одржа „Форум за личен развој“, во организација на Бизнис центарот на Скопскиот плански регион, Општина Аеродром и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

На програмата можеа да се проследат три презентации од двајца реномирани експерти за личен развој, и тоа од Џад Долфин и Катерина Ангеловска.

Американскиот експерт за организациски развој, Џад Долфин, вниманието на присутните го насочи кон тоа како правилно да го менаџираат своето време, како и „мапирање“ на мозокот, кое е всушност алатка со која можат да се зголемат сопствените способности за решавање на проблемите, а со тоа да се движиме напред.

Катерина Ангеловска, сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд, чијашто визија е „успех без граници“, истакна дека луѓето треба да се трудат да бидат најдобра верзија од себе, да ја пронајдат големината и моќта во себе, како и да живеат живот во хармонија со љубов и радост.

„Сѐ што ни се случува во животот е судбина која ние самите ја креираме и сѐ е онака како што треба да биде. Успехот не значи што имаш, успехот значи како се чувствуваш, како се чувствуваш сега и овде и дека со копнежот по одредена мисија, тоа ќе го постигнеме“, посочи таа.

Со презентациите се тежнееше кон тоа на присутните да им се зголеми самодовербата и вербата во сопствениот внатрешен глас, полесно да се соочат со секојдневните предизвици и да ги препознаатреализираат своите амбиции, цели, соништа.