Седми информативен настан – Подршка на Старт ап компаниите во Македонија, во организација на Бизнис центарот на Скопски плански регион и во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој

Бизнис Центарот на Скопски плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, во склоп на Форумот за иновации и технологии, кој се одржува на ТЕХНОМА 2015, го организирање Седмиот промотивно информативен настан за микро , мали и средни претпријатија, на 16 окт 2015.

На програмата на овој настан во првиот дел е презентација на Кофинансирани грантови за новоосновани друштва (до 6 години) – старт ап и спин оф. Во вториот дел едукативнате презентации Е-commerce за МСП и Подобрување на извозните перформанси на претпријатиетo. На настанот имаше можност да се проследи и презентацијата на Глобалниот извештај за конкуретност презентира од раководителот на канцеларијата на НСПК на РМ.

На 15 Септември 2015 се одржа еднодневниот информативен настан на Центарот за развој на Скопски Плански Регион и Бизнис  Центарот на Скопски Плански Регион,  на тема ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ И ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ. Од особена важност за овој настан е дека ги информира претставниците на општина навремено и точно за новите измени во горе споменатите закони. За таа цел стручни лица од Министерството за Транспорт и Врски на РМ одржаа еднодневна обука и презентација на законите.

Настанот беше организиран во рамки на проектот на Министерството за локална самоуправа „Иновативни решенија за подобрена испорака на локалните услуги“ кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со Центрите за развој на планските региони во Република Македонија.

На настанот беа присутни над 45 претставници од 17 општини на Скопскиот регион плус град Скопје. После целодневнните исцрпни излагања и интерактивните сесии на прачања и одговори , општа беше оценката дека се потребни повеќе вакви настани за општинските претставници и на други теми кои се релевантни за општинското работење.