”Организирање на настани и одржување на советодавни информативни средби со засегнатите страни / бизнис секторот во Скопски плански регион ”

Во текот на месец Март имено на 25 Март 2015 беше одржана и Првата Информативна средба за МСП која ги промовираше новите мерки за вработуване на Владата на РМ како и првиот повик на Фондот за Иновации за старт-ап и спин – офф компании., на која учество земаа над 55 претставници[1] од МСП, државни агенции, институции, комори , иноватори и др.

Во својот поздравен говори, Раководителот на Центарот на Скопски регион, Анета Л. Раввлинсон ја промовираше новата проширена функција која Центарот ја доби во пилот фазата на гореспоменатиот проект.  Државниот советник од Министерство за Локална Самоуправа, г-а. Андријана Стојановска, ја истакна целта и намерата на оваа програма во пошироки национални рамки.

 

Во рамки на овој проект Центарот за развој на Скопскиот регион, гради стратешка соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија, во анализирањето на потребите и актуелностите на МСП. На настанот се обрати и ги поздрави присутните Извршниот директор Митко Алексов. Од Присутните над 50 МСП, истакнаа дека потребата од овакви настани е секогаш актуелна и дека е многу важно што тајмингот за двете презентации е многу добар како и темите кои се презентирани. Во анекс 3 е поместена евалуацијата на прашалниците од учесниците.

Вториот настан (03.04.2015) од серијата настани беше советодавен и се однесуваше на ЕУ фондови за МСП кои се достапни за нашата земја. Предавач беше експертот Илија Вучков од ЕМКИЦЕ, кој на присутните им ги претстави расположивите фондови, критериумите за учество на повиците. Тој одговараше и на многубројните прашања на присутните, кои исто како и на изминатите настани ги имаше во огромен број.

На ден 21 март 2015 во Скопје беше одржан третиот информативен и советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион и Сојуз на Стопански Комори на Македонија на тема Енергетска Ефикасност во градежништвото – Зелени градби. На настанот присуствуваа повеќе од 50 фирми, претставници од агенции и министерства како и општини.

Раководителот на Центрот за развој на СПР, г-ѓа Анета Л. Раввлинсон, го отвори овој настан и се обрати на присутните истакнувајки дека Концептот на Зелена градба е од огромно значење не само за конкурентноста на градежниот сектор туку и за секој граѓанин на Македонија, бидејќи значително ја подобрува кавалитетот на живот, влијае врз подобрувањето на сигурноста и здравјето на човекот како и на животната средина.

На настанот се обрати и Државниот секретар на Министерството за локална самоуправа г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска, која ја истакна важноста на проектот за Бизнис Центар во чии рамки се одржува овој настан како дел од Владината програма за подршка на регионалниот развој. Свои обраќања имаа исто така и Заменик министерот за Животна средина , г-дин Стево Темелковски, Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија , г-дин Митко Алексов и заменик Претседателот на Македонскиот Совет за зелени градби Сеад Кочан.