Информативен настан – 20/06/2016

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на Информативен настан кој е организиран од странан на Бизнис Центарот при Центар за развој на Скопски Плански Регион и Фондот за иновации и технолошки развој, на ден 22 Јуни 2016 година со почеток во 10:00 до 14.00 часот – Бизнис салата на Скопски саем,Скопје.

Целта на овој Информативен настан е појаснување на начинот на аплицирање на третиот ЈАВЕН ПОВИК на Фондот за иновации за доделување на средства преку  Инструментот за поддршка – “Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф“. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија.

Бидејќи бројот на учесници е ограничен, Ве молиме да го пријавите Вашето присуство на следната е-пошта bc.spr@skopjeregion.gov.mk  или jasna.petrovska@fitr.mk  или на телефонот (02) 3218-480 и 314 5258, најдоцна до 20.06.2016 година (понеделник).