Со особена чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на Информативен настан кој е организиран од странан на Бизнис Центарот при Центар за развој на Скопски Плански Регион и Фондот за иновации и технолошки развој, на ден 22 Јуни 2016 година со почеток во 10:00 до 14.00 часот – Бизнис салата на Скопски саем,Скопје.
Целта на овој Информативен настан е појаснување на начинот на аплицирање на третиот ЈАВЕН ПОВИК на Фондот за иновации за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – “Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф“. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија.
Бидејќи бројот на учесници е ограничен, Ве молиме да го пријавите Вашето присуство на следната е-пошта [email protected] или [email protected] или на телефонот (02) 3218-480 и 314 5258, најдоцна до 20.06.2016 година (понеделник).