Информации за бизнис центарот

 Регионален Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Скопскиот регион (РБЦ-СПР) претставува механизам кој ги вклучува јавниот, приватниот и невладиниот сектор во заедничка акција за севкупен регионален економски развој. Вака поставениот механизам ќе биде неформално тело воспоставено согласно Законот за рамномерен развој, поддржано од Советот за развој на Скопски плански регион односно 17 општини плус град Скопје.

Наслов на проектот
Формирање на Регионален Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Скопскиот Регион (РБЦ-СПР).
Времетраење на проектот
Октомври 2014 –
Вклучени општини
Град Скопје, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани и Чучер Сандево.
Директни корисници
Општините од Скопскиот плански регион
Центарот за развој на Скопски плански регион
Потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори
Мали и средни претпријатија
Трговци/економски оператори во регионот
Регионални комори (РЗК и РСК)
Локални здруженија на граѓани и фондации
Универзитети и факултети од економската сфера