Можности за Start – up

Новата претприемничка култура е во пораст во Република Македонија и има за цел поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија за остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на истражување за развој и на иновации што придонесуваат за создавање нови работни места и за економски раст и развој. истовремено подобрувајќи ја бизнис околината за развој на конкурентските способности на компаниите.

Кофинансирање микро, мали и средни претпријатија, регистрирани во Република Македонија, а со цел поттикнување на иновациската дејност, имплементација на иновативни решенија и на иновативни процеси, воведување иновации и трансфер на технологии кај компаниите, како и поддршка на компаниите кои имаат висок потенцијал за раст. Финансирање на новоосновани. микро и мали претпријатија, фондации и акцелератори, а со цел поттикнување на иновативноста кај компаниите и пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни односно комерцијални активности преку формирање на Старт-ап компании.
Постигнување долгорочен позитивен придонес за развојот на националната економија, подобрување на конкурентноста преку технолошки и оперативни унапредувања и обезбедување нови работни места, поддршка на формирањето на деловно-технолошки акцелератори, субјекти за давање инфраструктурна поддршка на ивонациската дејност, со цел акцелерација на претприемништвото преку поддршка на лица што сакаат да основаат компанија, како и на веќе основани претпријатија во нивната почетна фаза.